Free Web Hosting | free host | Free Web Space | BlueHost Review

Doberman

 Детален опис на расата: Doberman - Средно голем, снажен и мускулест пес кој го одликуваат елегантното движење, брзина и темперамент. Главата е клинаста, плитка и јако мршава. Купираните уши ги носи исправено. Телото во почетокот е квадратно, при што тој поим во однос на елегантната телесна линија не е премногу прецизен. Движењето е еластично - оди како да е на опруга. Тој е пес со мешана крв од германските пинчеви, тиринските овчари, германскиот птичар, ротвајлерот, англискиот хрт и манчестерскиот териер. Влакната се кратки, тврди и густи, црни, темно кафеави, сини, или со боја на песок со смеѓи, остро одредени пеги (дамки). Висината на мажјакот е до 72 cm, тежината е од 40 do 45 kg. Дочекуваат 14 години старост. Доберманот во 1860. година го направил Louis Dobermann од Apold - и според него расата го добила и името. Зборот пинч е додаден во 1949. година. Посебно е омилен поради својата непоколеблива верност кон господарот и непоткупливоста. Познат е по внимателноста и затоа луѓето се плашат од него. Понекогаш го прати глас дека е тоа пес кој тешко учи. Тоа е грешка бидејки доберманот е исклучително интелигентен, лесно учи и сака да работи па е многу лесно да се одгледува и школува. Препорачуваме работење на полигон за песови. Одбранбената работа ја прифаќа озбилно и добро лае. Телесно е тврд, духовно осетлив. Кога ќе му се случи нешто непријатно, повеќе денови е несреќен и нажален. Голем пријател е на децата. Потребно му е многу движење. Краткото влакно овозможува едноставна нега. Здрав е и без обзир на големината кај него ретко кога се развива дисплазија. Во зимата на отворено не се препорачува.

 

DOBERMAN   [FCI No. 143]
Оригинално име на расата: DOBERMANN
Земја од каде потекнува: Германија
Секција: 1
Подсекција: 11

ИСТОРИЈАТ: Доберманот е единствената раса која што го добила своето име според познатиот одгледувач Fridrih Luis Doberman (02.01.1834.-09.06.1894.). Според предавањето тој бил даночник, стрводер, и градски шинтер, со право да ги фаќа сите слободни песови по градот. За одгледување употребувал особено остри песови. Значајна улога во стварањето на доберманот играле сигурно месарските песови & кои су според тогашните сфаќања имале одлика на раса. Овие песови биле некоја врста претходница на денешниот ротвајлер, помешани со една раса овчари кои се одгледувале во Thuringen, а бил црн со ознаки на рѓаво црвена боја. Со наброените мешанци, Доберман во 70-те години од пред 2 века го започнал одгледувањето.

ОПШТ ИЗГЛЕД: Доберманот е средно голем, снажен и мускулесто граден. со елеганцијата на телото, поносното држење, темпераментот и изразајноста одговара на сликата на идеалниот пес.

Пропорции: Доберманот е квадратичен пес, што посебно се однесува за мажјакот. Должината на грбот треба да биде еднаква на висината на гребенот. Кај мажјакот должината може да да премине не повеќе од 5%, кај женките не повеќе од 10%, во однос на висината на гребенот.

Нарав: Во основата доберманот е со пријателска нарав, многу е приврзен кон фамилијата и пријател е на децата. Пожелно е да биде со средно изразен темперамент и средна острина, среден степен на раздразливост. При доброто водење желбата за работа доаѓа до изразување.

Глава

Горен дел: Снажен, одговара на градбата на телото. Гледано одозгоре одговара на тап клин.
Гледано од напред и од страна линиите изгледаат рамни, не се кршат према ушите. Надочните лакови се добро развиени, но не се истакнати напред. Челната бразда е видлива. Тилната коска не треба да биде истакната. Од напред и одозгоре гледано страничните линии на главата не смеат да бидат исфрлени. Пострана лесната заокругленост на горната вилица и јагодичната коска мора да бидат во хармонија во однос на севкупната глава. Мускулатурата на главата е снажно развиена и собрана до коските.

Стоп: Е минимален, но е препознатлив (видно постои).

Личен дел

Нос: Носната пеќурка е добро градена, повеќе е широка него округла, со голем отвор, без вкупно истурање на напред. Кај црните песови е црна, кај кафеавите има нешто посветол тон.

Вилица: Њушката мора да биде во добра пропорција спрема делот на лобањата и мора да биде добро развиена. Вилицата е длабока, устниот отвор треба да биде широк и да допира до моларот. Добрата широчина на вилицата мора да биде изразена и во областа на горните и долните очњаци.

Усни: Треба да прилегнуваат цврсто и рамно на вилицата, и прават јасен спој со отворот на устата. Темно се пигментирани, кај кафеавите песови тонот е нешто посветол.

Забало: Снажно, и горната и долната вилица се широки. Забалото е маказасто, 42 заби, со нормална големина.

Очи: Средно големи, темни, овални. Кај кафеавите песови дозволено е нешто посветол тон. Очните капаци добро налегнуваат. Рабовите на очните капаци е овлакнест (трепките).

Уши: Високо всадени, на горе носени, купирани така да големината им е пропорционална во однос на должината на главата. Во земјите каде што купирањето е забрането, некупираните уши се подеднакво вреднуваат со купираните уши. Пожелно е да се со средна големина и да со својата предна ивица налегнуваат на образите.

Врат: Добра должина во однос главата и телото, сув и мускулест. Се издигнува од градниот кош и плешките, допадливо е свиен, исправно носен и со поносно држење.

Тело

Гребен: Посебно кај мажјаците треба да биде изразено во висина и должина, и при тоа грбната линија во однос на шепите ја прави издигната.

Грб: Краток и цврст. грбот и слабините се широки и мускулести. Женката може да биде нешто подолга во слабинскиот предел, бидејки и е потребен простор за плодовите.

Сапи: Се испружуваат од крстната коска во правец на коренот на опашката, со едвај видливо паѓање, но и покрај тоа се добро заоблени, не се ни рамни ни нападно паѓачки (не се стрми). Со добра должина се и со добра мускулатура.

Граден кош: Должината и Длабочината на градниот кош мора да бидат во правилен однос според должината на грбот. При тоа длабочината, со лесно заоблени ребра изнесува половина од висината на гребенот.
Градите имаат добра ширина и посебно напред истакнато предпрсје (основа му е градната коска со припѓачката мускулатура).

Линија на стомавот: Од крајот на градната коска до карлицата стомавот е прибран.

Опашка: Високо всадена и кратко купирана, при што треба да останат два пршлена.

Тестиси: Мажјаците мора да имаат два нормално развиени и во скротумот спуштени тестиси.

Предни нозе

Предни нозе Гледано од сите страни стојат готово рамно, односно вертикално на земјата и снажно се развиени.

Плешка: Лежи цврсто до градниот кош, со добро развиени мускули, од двете страни на гребенот. Плешката на горе не преминува изнад темастите продолжувања на градниот дел на кичмата. по можност косо поставена, и на назад под агол од околу 50 степени.

Надлактица: Добра должина, добро мускулеста, аголот према плешката е 105-110 степени.

Лакат: Добро прилегнувајки, не е завртен ниту во полето ниту на внатре.

Подлактица: Снажна и рамна, добро мускулеста. Должината во хармоничен однос спрема телото.

Шапље: Снажно.

Дошапље: Снажни коски, од напред гледано рамно, посматрано од страна - искосено е најмногу 10 степени.

Шепи: Кратки и затворени. Прстите се заоблени на горе (мачкина шепа). Ноктите се кратки и црни.

Задни нозе: Од позади гледано доберманот има изразено широка и мускулеста шепа и карлица. Пружувачката мускулатура од карлицата кон натколеницата и потколеницата има добра ширина на натколеницата, во регијата на колената и потколеницата. Снажните задни нозе се прави и паралелни.

Натколеница: Добра длабочина и ширина, со снажна мускулатура. Добар агол на колкот. Аголот према хоризонталата изнесува 80-85 степени.

Колено: Снажно, направено е од натколеницата, чашичката и потколеницата. Аголот на коленото е околу 130 степени.

Потколеница: Средната должина е во хармоничен однос со вкупната должина на задните нозе.

Скочен зглоб: Со средна снага и паралелен. Потколеничните коски се среќаваат со коските на дошепите. Аголот на скочниот зглоб е околу 140 степени.

Дошепи: Кратко и стои нормално во однос на подлогата.

Шепи: Како и кај предните, прстите се кратки, засвоѓени и затворени. Ноктите се црни и кратки.

Движење: Како што е движењето значајно за употребната вредност, исто така е од исклучително значење за екстериерот. Чекорот е еластичен, совитлив, слободен и освојувачки. Предните нозе одат што е можно повисоко на напред. Задните нозе се широко поставени, еластично ја пренесуваат снагата на притисокот. Предната нога на едната и задната нога на другата страна истовремено се подместуваат нанапред. Добра цврстина на грбот, нозете и зглобовите.

Кожа: Насекаде добро стои и добро е пигментирана.

Влакна: Кратки, остри и густи. Стои цврсто, рамно и рамномерно распоредена по целото тело. Подвлакна не се дозволени.

Боја: Црна или темно кафеава со рѓавоцрвени, остро ограничени и чисти палежи. Палежот се наоѓа на вилиците, како флеки на образите и надочњаците, на грлото, две флеки на градите, на дошепите и шепите, на внатрешните страни на бутовите, околу анусот и квргот за седење.

Големина: Висината на гребенот на мажјакот е 68-72 cm, женките 63-68 cm. Пожелна е средна висина. Масата на мажјакот е 40-45 kg, а кај женките 32-35 kg.

Грешки

Општ изглед: Недоволно изразена особина на полот. Недостаток на супстанцата лесен, тежок, високоног, тешки коски.

Глава: Премногу снажна, претесна, прекратка, предолга, превисока или премалку изразен стоп, пресилна челна бразда, слаба долна вилица, округли или бадемасти очи, светли очи, пресилни образи, неприлежечки усни, отворени или премногу длабоки очи, превисоко или прениски всадени уши, отворен агол на усните (жвали).

Врат: Нешто пократок, прекраток, вишок кожа на гушата, подгушњак, еленест врат, предолг (нехармоничен).

Тело: Недоволно цврст грб, паѓачки шепи, улегнати, седлат грб, шарен грб, премалку или премногу заоблени ребра, недоволна длабочина на градите како и премногу голема ширина, предолг грб, недостаток на гредградите превисоко или прениско всадена опашка, недоволно или премногу собран стомав.

Нозе: Отворени или затворени аглови на предните или задните нозе, лабави лактови, од стандардот отстапуваат бутовите во положба на коските и зглобовите, тесни или прешироки прсти. Кравји, бачваст, тесен став на задните нозе, отворене или меки шепи, закржлавени прсти, светли нокти.

Овлакнетост: Пресветли, нешто ограничени, нечисти палежи, претемна маска, голема црна флека на нозете, готово невидлива или преголема ознака на градите. Долги, меки и влакна без сјај. таласаста влакна, како и недоволно овлакнети места. Поголеми коврџави влакна, посебно на телото, видливи подлактици.

Нарав Недоволна сигурност, превисок темперамент, преостар, агресивен, прениска или
превисока раздразливост.

Големина: Отстапувачка големина од стандардот до 2 cm е прифатлива.

Движење: Климаво, ситно и несигурно одење.

Дисквалификациони мани: Изразено отстапување од полните особини.

Очи: Жолти (грабливчини), различно обоени очи.

Забало: Предгризнувачките, подгризнувачките или клештастото забало и недостаток на заби.

Тестиси: Неразвиени два тестиса во скротумот.

Овлакнетост: Бели ознаки, изразени долги и таласасти влакна, изразено светли влакна, поголема неовлакнета места.

Нарав: Плашливи, нервозни и претерано агресивни песови.

Големина: Отстапување повеќе од 2 cm, на горе или на доле од стандардот на пропишаната норма.


HOME