Free Web Hosting | free host | Free Web Space | BlueHost Review
      Одгледувачницата "АЛФА-ТИК", регистрирана кај FCI и KSМ под бројот 58, на 18-ти Април 2007. година, се наоѓа во преубавиот амбиент, во близината на Гевгелија. Оддалечена е од градската врева и бучава, на просторот кој е минимално загаден, бидејки е вон населбата и е оддалечена од индустриската зона. Се простира на површина од 6.000 m2. Располага со условни боксови во кои ги одгледуваме Доберманите, Германските Овчари... Ги има на различни возрасти, социјализирани се, ноќни чувари се и добри трагачи. Со нивното одгледување и нега се занимаваат стручни луѓе. Одбирањето се врши према присидните склоности, истрајноста, интелигенцијата, храброста, благоста, во смисолот за соработка. Лесни се за дресура, некои имаат и положено работен испит.
 
             
 
       Незаобиколниот дел од селекцијата на песовите се Изложбите. Одгледувачницата со своите песови е присутна на сите поголеми изложби во земјава, а тенденцијата ни е да своите песови ги изведеме и на изложбите во странство. Досегашните успеси на нашите песови се забележани и со обзир на тоа дека сите имаат одлични родовници, се надеваме дека за нив многу повеќе ќе се знае наскоро и дека љубителите на Германските овчари и Доберманите ќе соработуваат со нас. Неколку наши песови поминаа во сопствеништво на други луѓе кои се надвор од нашата земја, па се надеваме дека и таму високо ќе котираат и дека името на на нашата одгледувачница ќе се препознава.
 
             
 
       Нашите контакт информации, како и сите информации потребни за де не пронајдете се наоѓаат на нашата kontakt страница. Посетете не, јавите ни се по телефон или пишете нина нашиот; e-mail.

HOME