Free Web Hosting | free host | Free Web Space | BlueHost Review

КУРС за ОДГЛЕДУВАЊЕ и СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА КУРСОТ за ОДГЛЕДУВАЊЕ и
СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА на ПОРАСНАТИТЕ ПЕСОВИ и КУЧЕНЦА (КОС)

ДАТИ на ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА КУРСЕВИТЕ
:

01.07. - вонредни летен курс поради големото интересирање на граѓаните
01.10.2007.
18.11.2007.

ДАТИ НА ИСПИТИТЕ
:

03.07.2007.
01.11.2007.
18.12.2007.

ТЕРМИНИ:
2 - 3 пати неделно во вечерните часови во работните денови (со почеток помеѓу 19 и 21 h) или евентуално во работен ден во комбинација со Сабота наутро. Посетителите при пријавувањето мораат да кажат ако некој ден никако не им одговара, бидејки групите се составуваат според можностите на посетителите.

ТРАЕЊЕ НА КУРСОТ: 6 недели (2 - 3 пати неделно по 90 минути)

БРОЈ НА ЧАСОВИТЕ НА КУРСОТ
: 26 школски часови + испит

ЦЕНА НА КУРСОТ: 60 евра,

ЗАПИШУВАЊЕ: Вторник од 18 до 19 h, обавезна аконтација (15 евра)

Поради многу големите гужви и честите листи на чекање Ве советуваме да дојдете да се запишете што порано, како би можеле да одите на курсот во саканиот термин

СТАРОСНИ ГРАНИЦИ ЗА КУРСОТ: откако песот е вакциниран против кучешките заразни болести

ПРОГРАМА НА КУРСОТ:

- Воспоставување на правилен однос со песот
- Социјализација со другите песови, луѓе, галама, непознати предмети...
- учење на ЗАБРАНА
- учење на НАГРАДУВАЊЕ и КОРЕГИРАЊЕ на песот
- учење на песот да не влече на поводникот
- учење на играње со водителот и други облици на комуникација со песот
- запознавање со командите СЕДИ, ЛЕЖИ, СТОЈ, ЧЕКАЈ, ДОЈДИ...
- предавање на ветеринар со можности за поставување на прашања
- учење на правилно однесување према песот во разни секојдневни ситуации (хранење, преминување на улицата, проаѓање низ вратата...)
- предавање за говорот на телото на песот, за исхраната, кучешки темпераменти ...
- решавање на индивидуални проблеми

ИСПИТ: интерен клубски, услов за преминување на повисок степен на школување

После положениот испит, сопственикот може да го продолжи школувањето со својот пес, прво на ОСНОВНИОТ КУРС ЗА ПОСЛУШНОСТ , а потоа на НАПРЕДНИОТ КУРС ЗА ПОСЛУШНОСТ после кој што следи службен Испит за песот пратител (A0).

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА ПЕСОТ

Вашиот водител на првиот час од курсот ќе ви ја покаже сета потребна опрема за песот и ќе ви каже каде и како да ја набавите, поради тоа не е потребно да ја набавувате пред курсот.

ОГРЛИЦА
- обична, не давилица
ПОВОДНИК
- 3 m долг од кожа или гуртна, едноставен
ПОСЛАСТИЦИ ЗА ПЕСОТ
- ситно исечкано сирење или паризер
ИГРАЧКА ЗА ПЕСОТ
- нешто со што песот може да се натегнува со сопственикот (јутена крпа, пешкир, парче текстил...)
ВРЕЌИЧКА ЗА СОБИРАЊЕ НА ИЗМЕТОТ
ВОДА и ЧИНИЈА ЗА ВОДА
МАСКА
- обавезна за сите агресивни песови (сопствениците на агресивните песови кои одбијат да донесат маска, нема да можат да го посетуваат курсот!)

ОПРЕМА НА ВОДИТЕЛОТ

СПОРТСКА ОБЛЕКА и ОБЛЕКА ВО СКЛАД СО ВРЕМЕНСКИТЕ ПРИЛИКИ

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ:
- редовноста при посетувањето на курсот е многу важна за крајниот резултат
- во случај да не сте во можност да дојдете на час на курсот обавезно треба да му се јавите на водителот (или на неговиот помошник) барем еден ден порано
- на теренот на одгледувачницата должни сте песот да го имате на поводник
- на теренот на одгледувачницата обавезно е да го соберете изметот после својот пес
- немојте да го храните песот барем 4 часа пред почетокот на курсот
- вистинскиот успех ке уследи единствено ако бидете доследно го применувале наученото знаење во секојдневното дружење со својот пес
 

НАЗАД