|
КУРСЕВИ
|
 |
 |
Нашата Одгледувачница АЛФА-ТИК организира три степени на курсеви за
ПОСЛУШНОСТ.
Можете да се пријавите исклучиво со лично доаѓање во
нашата Одгледувачница, со плаќање на аконтација
во износ од 15 евра.
Запишувањата ве вршат во Вторник од
18 до 19 часот.
Секој од трите степени на курсевите за послушност трае
6 недели и се одржува 2 - 3 пати неделно во вечерните
часови во работните денови (со почеток помеѓу
19 и 20:30
h) или во работните денови во комбинација со Сабота наутро.
Посетителите на курсевите при пријавувањето мора да наведат кои денови никако
не им одговараат за посетување на курсевите, бидејки не
постојат фиксни термини за курсевите. Термините за курсевите
зависат од слободното време на нашите водители па посетителите
се распоредуваат во групи, во зависност од достапните
термини и во склад со можностите на самите посетители.
1. степен: КУРС за ОДГЛЕДУВАЊЕ И СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА (КОС),
после кое следи клубски (неслужбен) испит со кој
утврдуваме кои посетители (и нивните песови)
ја совладале програмата на курсот и можат да преминат и на вториот степен
од школувањето. Испитот го следат и судат водителите во Одгледувачницата.
2. степен: ОСНОВЕН КУРС за ПОСЛУШНОСТ (ОКП).
После овој курс нема испит, туку водителот
проценува кои посетители можат да преминат на третиот
степен на школување.
3. степен: НАПРЕДЕН КУРС за ПОСЛУШНОСТ (НКП). На тој курс
посетителите (и нивните песови) се припремаат за
излегување на Испит за пес пратител
(Испит А0) кој е службен испит
на Одгледувачницата АЛФА-ТИК. Испитот го судат водителите во Одгледувачницата.
|
|
 |
|
 |
|