![]() |
| ||
ПЕСОВИ ЧУВАРИ
Доколку поседувате работен простор, магазин
или некој поголем или помал работен објект, а не сакате да ризикувате од
можното провалување и
нанесување на значителни материјални штети на Вашето работење, а
исто така не сте сигурни во делотворноста на ноќните портири со можноста
да; човековиот фактор откаже во клучниот момент, идеално решение за Вас
може да биде инвестирањето во набавката на трениран пес за заштита на
објектот.

Песовите погодни за таква улога внимателно се бираат од одбрани легла со обзир на психофизичките карактеристики кои мораат да ги поседуваат како би им одговарале на Вашите потреби. Најпогодни раси за школување за наведената цел, а кои ви стојат на располагање, се Германски Овчар, Белгиски Овчар, rottweiler и doberman. Школувањето на песовите се врши според испитните програми: IPO I, II, III и SchH I, II, III, испит A, испит Б, и во склад со Вашите потреби и специфичности кои Вие ќе ги искажете како потребни за да песот во потполност Ви одговара.

Основната задача која кај песовите - чувари, во таквите ситуации се бара е спречување на влегувањето на непознатите и несаканите личности внатре во Вашиот објект под секоја цена и под било кои можности или физички заканувања.

Доколку сметате дека тренираниот пес за заштита на Вашиот објект би можел
да ги задоволи Вашите потреби, со задоволство можеме да ви организираме презентација при
која ќе можете да ги видите песовите на дело и да се уверите во ефикасноста
на наведената врста за заштитата на Вашиот објект. Ако се одлучите за набавување на
пес, Ви даваме пробен рок од 15 дена да проверите дали е тоа она што сте го
сакале. Доколку не сте задоволни, вршиме дошколување на песот спрема
Вашите желби и потреби, или евентуална замена.

Сакате ли било какви информации или појаснувања, слободно ни се обратите.